Sweet Home

Луксузна куќа во Мексико

Со цел поврзување на просторот за живеење со панорамата на океанот околу имотот, овој луксузен дом со зелени ѕидови се наоѓа во пристаништето во Puerto Vallarta, Мексико, и гледа на тихоокеанскиот залив. Замислена е како куќа-оаза со сите можни содржини: осум спални соби, фитнес центар, домашно кино, две џакузи кади, тераса со базен, како и неколку мултифункционални простори за дружење внатре и надвор.

Поврзувањето на природни материјали и текстури придонесува за оригиналниот дизајн. Употребата на природен камен и бетонски ѕидови создава свежи простори кои овозможуваат двојно пасивно ладење за време на топлите сезони.

Мебелот и декоративните елементи се избрани исклучиво и дизајнирани за интеграција со архитектурата.

Боите и ткаенините донесуваат топлина и релаксирачки амбиент типичен за плажа, а уредувањето е надополнето со  vintage елементи.

luksuzna kuka vo meksiko (14)

luksuzna kuka vo meksiko (3)

luksuzna kuka vo meksiko (6)

luksuzna kuka vo meksiko (5)

luksuzna kuka vo meksiko (4)

luksuzna kuka vo meksiko (7)

luksuzna kuka vo meksiko (8)

luksuzna kuka vo meksiko (9)

luksuzna kuka vo meksiko (10)

luksuzna kuka vo meksiko (11)

luksuzna kuka vo meksiko (12)

luksuzna kuka vo meksiko (13)

Напиши коментар