Додека некои се тресат над 1000 евра со кои би ги покриле сите трошоци за својот голем ден, во светот постојат двојки кои трошат и по милион долари само на цвеќиња за венчавката.
За богатите парите се најмалиот проблем кога станува збор за организирање на венчавка. Меѓу најекстравагантните барања се торти до плафон, посебно изработени цветни аранжмани и венчални фустани од неколку метри.
Али и Лана, Бејрут

Венчаница од Ели Сааб и огромни цветни тркала инспирирани од Louis Vuitton се само дел од нештата кои гостите можеле да ги видат на оваа гламурозна венчавка. Парот најпрво се венчал во домот на невестата, за потоа да одржат прием во една од најголемите сали во Бејрут. Ѕидовите биле прекриени со бели орхидеи, ЛЕД светла и плазма телевизори што ја создавале илузијата на бајка на која биле поканети 1060 гости.



Ларина и Бен, Њујорк
Церемонијата на овој пар била изведена во присуство на 170 гости во простор декориран со антички лустери и скапоцени слики. Венчаницата е од Inbal Dror и за нејзиното фотографирање било потребно невестата да застане на скали со цел да се долови целиот гламур и сјај на креацијата.



Сенди и Рос, Сиднеј

Оваа венчавка била одржана во универзитетот во Сиднеј, каде за потребите на двојката била дизајнирана посебна структура од 12 метри инаку позиционирана пред масата на невестата. На неа биле поставени најразлични видови на цвеќиња со цел да се долови ефектот на цветна градина. Декорацијата на просторот е пресликана и на тортата.


