Sweet Home

Магична куќа инспирирана од сината лагуна…

Стаклената куќа со рамен покрив кој преку ноќ свети во сина боја и асоцира на сина лагуна, се наоѓа во Brusino Arsizio, Швајцарија.

Необичната куќа е дизајнирана од страна на познатиот архитект Jacopo Mascheroni , а има преубав поглед кон езерото Лугано.

Стаклената куќа е уредена минималистички во комбинација со дрво во природни бои, односно мебел во бела боја, а од секој агол се овозможува поглед кон исто така минималистички уредениот двор.

Внатрешниот простор зафаќа површина од околу 600 квадрати, а на пет минути возење се наоѓа и границата со Италија.

Славниот милански архитект Mascheroni дел од куќата со стаклен павиљон кој води на терасата  го има дизајнирано во облик на буквата U. Покрај уредената градина се наоѓа и гаража за два автомобили.

Освен кујната и просторијата за дневен престој, во долниот дел од куќата се наоѓа и  главна спална соба со посебен гардеробер и бања, односно соба за опуштање и хоби. На другата страна исто така се наоѓа отворен простор како собата за дневен престој, со две бањи и спални.

Што друго ја открива магијата на овој дом, проценете сами…

Напиши коментар