Долгите сукњи завладеаа со модните писти. Во поголемиот број од колекциите се многу доминантни и многу од комбинациите се базираат токму на нив. Оваа пролет и лето посебно место на модната сцена добија макси долгите сукњи инспирирани од различни стилови. Лесни се, удобни, практични за комбинирање и можат да се носат за најразлилчни пригоди.
Макси сукњите исто така подразбираат и пратечки детали. Со нив совршено одговараат големи торби и очила, шешири…