Motherhood

Масирање на градите во текот на бременоста

Повеќето жени се загрижени поради менувањето на формата на телото во текот на бременоста. Освен што им пречи добивањето тежина, и градите исто така им се зголемуваат. По породувањето маснотиите од стомакот лесно можете да ги изгубите, но тешко ќе успеете да ја смалите големината на градите. Поради тоа многу е важно да ги масирате. Оваа масажа ѝ помага на вашата кожа да се прошири и со тоа да се смири воспалението на градите. 

Стрии

Кога добивате тежина, градните мускули исто така се зголемуваат, па можно е вашата кожа да се рашири. Користењето на некои масла за тело, како што е бадемово или маслиново, и масирањето на градите во текот на бременоста ќе ви помогнат да спречите појава на стриите на градите.

Ослободување од болка

Во текот на бременоста вашите млечни жлезди веќе почнуваат да функционираат. Тоа е една од причините зошто вашите гради се шират. Ова проширување предизвикува болка во градите. Релкасирачка масажа на градите ќе ви помогне да се ослободите од болката и од непријатноста.

Чешање

Не е невообичаено да се појават црвенило и чешање на градите во текот на бременоста. Затоа масирањето на градите во текот на бременоста го спречува чешањето, бидејќи ја одржува вашата кожа еластична.

Проширени брадавици

Вашите брадавици секако ќе се зголемат со преостанатиот дел од градите. Меѓутоа, понекогаш масажата помага и во зголемување на брадавиците. Поголемите брадавици ќе ви помогнат кога ќе го доите вашето бебе. Ако брадавиците ви се премали, на бебето ќе му биде потешко да цица млеко.

Што треба да запаметите

Морате да имате на ум една важна точка кога ги масирате градите во текот на бременоста. Во тој период вашите гради паѓаат, па важно е да ги масирате во правец кон горе. Никогаш не ги повлекувајте градите надолу во текот на масирањето.

Напиши коментар