Убавина

Маска која веднаш ќе ја освежи фарбаната и оштетена коса

Жените кои често ја третираат својата коса со фризура, фарбање и слично најчесто имаат сува и оштетена коса. Токму тие жени треба да прават почесто пакувања за косата така што ќе и го вратат сјајот. Ова е една маска која дава одлични резултати.

Потребна ви е една жолчка, една лажица кокосово масло и една лажица маслиново масло. Жените кои имаат подолга коса нека направат маска со дупла доза. Ставете ја маската од врвот кон коренот. Убаво истријте и оставете нека делува половина час. Потоа измијте ја косата и прелијте ја со еден литар вода во кој ставивте една лажица мед.

Напиши коментар