Убавина

Маска од овесна каша за нежни стапала

Овие зимски денови повеќето од нас се борат со сува кожа на нозете. Со цел подготвени да го дочекаме летото, мораме уште сега да се погрижиме за овој дел од телото.

Природната маска од овесната каша ќе направи многу за вашите стапала. Овесот е познат по својата способност да ја смири и хидратира сувата, осетлива кожа, а во комбинација со мед и маслиново масло ќе направи многу за кожата на вашите стапала.

Потребни состојки:

  • Голем сад
  • лажица
  • 2 лажици овесна каша
  • 1 чаша брашно
  • половина чаша мед
  • половина чаша маслиново масло

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во голем сад, а можете да додадете и некое есенцијално масло, како масло од лаванда или мента, ако сакате да додадете пријатна арома на оваа смеса. Измешајте ги сите овие состојки со лажица додека не добиете густа смеса. Доколку смесата е густа, додадете малку масло, или пак доколку е премногу течна додадете уште малку овесна каша. И маската е подготвена да ја нанесете на стапалата.

Но, пред да ја користите оваа домашна маска, морате прво да направите подготовка. Потопете ги стапалата во топла вода во која сте додале малку сода биркарбона – тоа првенствено ќе ја омекне кожата. Потоа направете вообичаен пилинг (нам ни е омилен оној со шеќер), и исплакнете ги нозете и добро избришете ги.

Сега вашите нозе се подготвени за маска. Не треба да напоменеме дека маската ја ставате исклучиво во бањата над кадата, нели?! Кога рамномерно ќе ја нанесете, оставате да отстои 20 до 30 минути. Потоа ќе ги исплакнете и избришете стапалата, и нанесувате хидратантна крема во подебел слој.

Write A Comment