Убавина

Маска за лице со аспирин – Кожата ја претвора во здрава и блескава

Дали знаевте дека обичниот аспирин е одличен козметички производ?

Лековити маски за лице со аспирин растворени во вода, со редовна употреба (освен ако не сте алергични на неа) ја претвораат најпроблематичната кожа во здрава, блескава и убава.

Зошто аспиринот е толку добар за кожата?

Сите тајни на маската за лице со аспирин е во главната компонента на овој медикамент – ацетисалицилна киселина која има широка примена во козметиката:

-Совршено ја чисти кожата

– Го намалува лачењето на лојни жлезди

-Ги стеснува порите на лицето

-Ги намалува воспалените процеси на лицето

-Го намалува создавањето на акните

Редовното чистење на лицето со аспирин го намалува црвенилото, резултира со постепено намалување на акните, а се подобрува тенот и еластичноста на кожата!


Маска од аспирин се препорачува:

-За проблематична кожа: акни и митисери

-За мрсна кожа: ги намалува порите и ја нормализира работата на лојните жлезди

-За постара кожа: и ја враќа еластичноста и го подобрува тенот

МАСКА СО АСПИРИН

Состојки

  • 1 до 2 таблети аспирин (андол)
  • Малку вода
  • Лажичка мед

Подготовка:

Здробете го аспиринот, ставете го правот во стаклен сад. Додајте неколку капки вода и измешајте. Додајте лажица мед и се повторно измешајте.

Примена:

Нанесете ја маската на чисто лице и држете ја десетина минути. Малку масирајте како да правите пилинг. Измијте. Не ја нанесувате маската на подрачјето околу очите, каде кожата е многу нежна. На почетокот на третманот маската користете ја 2 до 3 пати неделно, кај проблематичната кожа. Потоа ќе биде доволно еднаш неделно. По десетина дена ќе ги забележите фантастичните резултати.

Варијации на аспирин маски за сува и нормална кожа:

Измешајте 2 – 3 здробени таблети од аспирин со 1 лажица јогурт, кефир или кисело млеко. Добиената смеса нанесете ја на кожата и оставете да делува 20 минути. Исперете со топла вода. По оваа постапка малечките воспаленија ќе исчезнат по првиот третман. Предноста а оваа маска е што можете да правите секој втор ден.

Ефекти

Маските за лице со аспирин како и маските со алгите се сметаат за професионални маски кои козметичарите често ги препорачуваат за чистење на кожата на лицето. Ефектите на маските со аспирин не се видливи веднаш, туку по 3 до 4 часа од нанесувањето. Бидете трпеливи и користете ги редовно и вашата кожа е ве награди со чистотија и здрав изглед.

Напиши коментар