Убавина

Масла кои ќе направат чуда за вашата кожа!

Иако маслото може да предизвика маснотии на лицето, во поголемиот број на случаи тоа сепак делува смирувачки и ја хидрира кожата. Ако не сте знаеле – методот на чистење на лицето со масло, во последно време доби многу внимание.

Еве неколку маска со чија помош ќе имате лице без брчки и акни:

1. Бадемово масло – природен освежувач

Бадемовото масло е одличен освежувач за сувата кожа. Брзо се апсорбира и го спречува губењето на влажноста на кожата, а помага при намалувањето на подочниците настанати од умор.
Богато е со витамин Е, кој го успорува создавањето на брчки. Намачкајте го лицето два пати неделно со бадемово масло и темелно исплакнете го со вода.

2. Масло од авокадо – против стареење 

Ова масло е богато со витамини, А, Ц, Д и Е, а посебно се препорачува за зрела кожа. За летните денови посебно е добар, бидејќи ја задржува хидратацијата на кожата, а доколку добиете изгореници од сонце на кожата, маслото од авокадо ќе ги ублажи. Измасирајте ја вашата кожа и оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со вода.

3. Лаванда – за акни, каснувања и изгореници
Маслото од лаванда содржи антисепички својства со чија помош ќе се ослободите од акните, мозолки и слични воспаленија. Корисно е за лечење убоди од инсекти и за заздравување на рани.

4. Масло од морков – за заштита од сонце

Маслото од морков богато е со бета каротин, ја одржува еластичноста на кожата и ја намалува штетноста настаната од ултравиолетовите зрачења. Ги отстранува токсините и и дава на кожата свеж изглед.

5. Масло од ночурка – за сува кожа

Маслото од јаглика е идеално за кожата која е сува, испукана и кожа која чеша. Го намалува црвенилото и брчките.

Напиши коментар