Сексуалните склоности и навики се менуваат со годините, во зависност од возраста.
20+
Повеќето мажи не можат, а да не помислат на секс на секој час. Во тие години жените и девојките се бунтовни во своите сексуални фантазии. Главно, и двата пола делат исти фантазии и желби да испробаат бисексуални игри. Една студија од 2006 година која е спроведена над 2.000 луѓе, покажува дека околу 76 отсто од жените кои спиеле со друга жена редовно доживуваат оргазам, за разлика од 50 отсто од жените кои доживеале оргазам со мажи. Дваесеттите години се токму време кога момчињата и девојките сакаат да се впуштат во експериментирање на сексуални пози.
30+
Триесеттите се години за експериментирање. Речиси сите 30-годишници и малку постарите, тврдат дека имале секс на отворено. За разлика од тинејџерите, повеќето луѓе над 30 години преферираат секс на полуотворена локација, како што е плажа, градина, двор, клупа во парк… Сметаат дека во тоа има нешто еротично. Секс под туш или во када, исто така се на врвот на листата на најпопуларни места за водење љубов. Исто така , непослушните и „валканите“ задоволства високо котираат кај популацијата над 30 години. Врзување, превез преку очите и слични игри, се најдобриот начин за експериментирање во сексот.
Во триесеттите години, исто така доаѓа до создавање на семејство. Доаѓаат деца, па со тоа и сексуалниот нагон полека опаѓа. Сепак, сексологот Трејси Кокс во една своја книга напоменува дека за време на бременоста паровите имаат секс четири до пет пати месечно. Пред породувањето сексот престанува , а периодот на апстиненција обично трае седум седмици после породувањето. Шест месеци после породувањето , паровите во просек имаат секс три пати месечно.
40+
Мажите во овие години почнуваат да доживуваат проблеми со ерекцијата. Истовремено, ова се години кога повеќето мажи имаат љубовни афери и кога се склони на неверство. Исто така, почесто гледаат порнографски филмови и уживаат во секс чат преку интернет. Жените, од друга страна, почнуваат многу повеќе да бараат во сексот и честопати ги привлекуваат помлади мажи. Ако сте мислеле дека во четириесеттите либидото опаѓа, сте се излажале. Вистина, можеби сексот и не е толку чест, но многу се вложува во неговиот квалитет. Луѓето од оваа возрасна група се сигурни во своите потреби и затоа страста им е поважна од “чистиот механички секс“.
