Убавина

Мејкап совети за жени со сува кожа

Во ладните денови сувата кожа може да ви биде проблем бидејќи ниските температури уште повеќе ја дехидрираат.Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно и со шминка:

Најпрвин убаво измијте го вашето лице за да се отстранат сите нечистотии.
Потоа исчистете го лицето со нанесување на млеко за чистење 10 до 15 минути пред нанесување на шминката.
Пудрата може да ја помешате со неколку капки хидратантна крема. Ако веќе имате намачкано млеко во тој случај не додавајте премногу од хидратантната крема.
Доколку сакате да го покриете црвенилото или акните во тој случај не користете кремасти коректори бидејќи не и одговараат на сувата кожа.
Ако имате сува кожа не користете пудра во прав или камена пудра и избегнувајте да ставате премногу шминка.

 

Напиши коментар