Менито на вашата свадба е значајно за целовкупниот впечаток кој ќе го добијат вашите гости. Стилот и изборот на менито за вашата свадба треба да биде во склад со вашата замисла за венчавката, но храната пред се зависи од буџетот. Еве неколку предлози за мени на вашата свадба:
Формална вечера:
Повеќето младенци се одлучуваат на своите гости да им послужат формална вечера. Така знаете дека сите ваши гости ќе бидат послужени и дека секој ќе добе еднаква порција. Менијата во нашите ресторани за свадбените вечери се движат од 12-75 евра по човек, во зависност од тоа каква храна ќе одберете, колку оброци ќе има, и каков ќе биде нејзиниот квалитет. Ви советуваме да одберете предјадење, формална вечера и десерт, бидејќи така ќе дадете чувство на целост.
Шведска маса:
Се почесто наместо формална вечера, младенците се одлучуваат за шведска маса. Со шведска маса секако ќе им дадете поголем избор на храна на вашите гости, а и самата презентација на храната, доколку ја изработат професионалци, ќе изгледа одлично. Иако изгледа како поефтина опција, според пресметките швадската маса ќе ве чини скоро исто колку и формалната вечера. Недостаток на шведската маса е фактот дека можеби нема да има доволно храна од секој вид за сите гости, а и фактот дека гостите треба сами да се послужат.
Закуски, грицки и апетисани:
За оние младенци со помал буџет, препорачуваме наместо комплетен оброк да се одлучат на варијанта на закуски, грицки и апетисани. Оваа варијанта е далеку поефтина од претходните две, а сепак вашите гости ќе имаат што да „мезат“ со пијалокот. Закуските, грицките и апетисаните се одличен избор за оние младенци кои се одлучиле, наместо традиционална свадба во ресторан, забавата да ја направат на некое модерно место, како на пример во дискотека.
