Art & Crafts

Месечен циклус и летување: Што треба да знаете?

Толку долго го очекувавте летниот одмор, но не очекувавте дека токму тогаш ќе ве затекне и месечниот циклус. Ова сценарио сигурно го преживеале многу жени, но тоа не значи и крај на уживањето. Прочитајте ги одговорите на најчестите дилеми поврзани со месечниот циклус и летувањето. 

Дали смеам да се капам на првиот ден од циклусот?

Ако жената има редовен циклус и благо крвањето може да се капе уште од првиот ден, но умерено и кратко. Тампонот треба да се менува секој пат кога ќе излезете од вода.

Ако крварењето е пообилно, тогаш сепак се порепорачува да се почека еден до два дена. Капeњето во загреани базени треба да се избегнува, бидејќи топлата вода може да го засили крварењето.

Дали водата може да биде премногу топла или премногу студена за капење во текот на циклусот?

Студената можа воопшто може да им наштети на женските полови органи, предизвикувајќи настинки и последични воспаленија во пределот на јајниците, како и активација на болка на местата кои претходно преболеле воспаленија, а може да го погоди и уринарниот тракт предизвикувајќи инфекции.

Топлата вода предизвикува вазодилатација, ширење на крвните садови во целото тело, па како последица може да се јави пообилно крварење.

Смеам ли да се сончам за време на циклусот?

Сончањето, како и седењето на топол песок или камења секогаш треба да се избегнува за време на циклусот. Но во подоцните попладневни часови, кога сонцето е послабо сончањето е дозволено само ако имате оскудно крварење.

Чувствителните жени со обилно и неправилно крварење треба да го избегнуваат изложувањето на директно сонце во секој ден од денот.

Што треба да направам по годишниот одмор?

Откако ќе се вратите од летувањето на море, езеро или река се препорачува употреба на вагиналети со пробиотик поради нормализација на вагиналната флора. Во случај да забележите појава на променлив, обилен исцедок, или пак јадеж, пецкање или непријатен мирис задолжително посетете го вашиот гинеколог.

Промената на средината може да доведе до пореметување во циклусот, а капењето, мокриот костим за капење, седењето на јавни површини и сл. може да предизвика габични или бактериски заболувања, кои најдобро се лекуваат во својата рана фаза.

Дали е во ред да се користи методот на одложување на циклусот за безгрижно летување?

Во исклучителни ситуации може да се препорача некој од методите за одложување на менструацијата. Кај жените кои земаат хормонска орална контрацепција (антибеби пилули) тоа лесно може да се изведе, додека кога станува збор за природен менструален циклус потребно е повеќе денови да се земаат таблети поради надокнадување на хормоните, со цел да не дојде до крварење. Сепак, се препорачува да се консултирате со вашиот гинеколог, кој ќе ви го препорача најдобро за вас.

Write A Comment