Дестинации

Места каде што нема да сретнете ниту еден автомобил

Ако зависите од вашиот автомобил, тогаш тешко е да замислите дека би функционирале нормално на вакво место.

Но, ваквите места имаат свои предности: помала загаденост на воздухот, релативно помирна средина, повеќе вежби, подобар јавен превоз. Еве неколку места каде не можете да возите автомобил.

Венеција, Италија

Гондолите и водните таксисти се главните видови на транспорт овде. Поради тоа овој град е единствен во Европа.

Ilha Grande, Бразил

Овој тропски остров е прилично неразвиен, а е дом на голем број загрозени видови на билки и на животни. На него живеат околу 2000 жители кои се занимаваат со еко-туризам.

Times Square Њујорк, САД

Times square дури пред неколку години стана пешачка зона, а годишно привлекува околу 250.000 туристи.

Medina Fesa, Мароко

Повеќе од 150.000 жители живеат во најстариот дел на Фес, најголемото урбано подрачје на светот без автомобилски сообраќај. За ова постоела и практична причина, улиците се многу тесни и автомобил не би можел да помине.

Бактапур, Непал

Градот кој е под заштита на UNESCO, Бактапур до петнаесетиот век бил главен град на Непал. Денес, е град по чии улици не се возат автомобили, а жителите си ги почитуваат традициите и обичаите, поради тоа е вистински историски град.

Напиши коментар