Мицеларната вода не е некоја интернет приказна, туку во позадина се крие интересен научен проект.Овој фантастичен козметички изум е соодветен за сите типови кожа, а освен што е благ, не ја мрси и не ја суши кожата и без многу триење лесно ги отстранува остатоците од шминка по лицето.
Оваа течност со благо пребришување на лицето ќе ја исчисти нечистотијата настаната поради прашина и смог, па затоа често ја користат и девојки кои не се шминкаат, а со оглед на тоа дека ги прочистува и порите – супер е и за борба со акните и митесерите.
Што е во суштина мицеларната вода?
Мицеларната вода се формира кога во неа се додаваат разни молекули на масни киселини, фосфолипиди, соли на масни киселини (сапун) и слично. Не содржи алкохол и е идеална за чувствителна кожа која е склона на алергиски реакции.
По чистење на кожата со мицеларна вода не е потребно да се мие лицето со вода.
