ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 100 г шеќер
* 2 јајца
* 150 мл млеко
* 70 мл масло
* ½ коцка свеж квасец
* брашно по потреба
за филот
* џем, мармалад, мак
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се подготвува тесто од сите наведени состојки. Освен жолчката од едното јајце, која се остава за премачкување. Се остава да стаса, и потоа се развлекува во две подебели кори.
Се мачкаат корите со мармалад или што сакате по желба, повторно се остава да надојде.
Со жолчката од едното јајце, се премачкуваат двете ролни, и се остава да се пече.
