Гламурот кој овој хотел го носи ги воодушевува луѓето ширум светот. Се наоѓа само на еден час возење од аеродромите во Женева и Берн. Поседува хелиодром, па кон ова преубаво место може да се упатите и со хеликоптер. Преубавиот поглед кој се овозможува преку Женевското езеро, ќе Ви овозможи мир и слобода. Доколку сте замислувале Вашиот одмор да го поминете малку поактивно, не смеете да ја заобиколите Женева. Исто така во овој одмор може да внесете и доза култура, прошетајте го историскиот замок Chillon.
Хотелот поседува и Givenchy Spa, кој ќе Ви овозможи раскошни моменти во својот луксузно декориран ентериер. Во опкружувањето има елитни ресторани кои ќе ги задоволат Вашите апетити, а во понудата се наоѓаат речиси сите светски кујни…
Одлично место за љубителите на езерото и неговата релаксирачка моќ !!!









