ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 средно големи слатки компири
* 200 кашкавал (изрендан)
* 100 мл млеко
* 2 чешниња лук
* малку мускатно оревче
* сол, црн пипер, оригано
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во поголем сад ставете го млекото, и сите зачини. Лукчето исечкајте го на ситни парченца, нарендајте малку мускатно оревче, ставетe сол и црн пипер.
Садот ставете го на тивок оган околу пет минути. Убаво промешајте за да млекото ги впие сите ароми. Компирот исечкајте го на тенки парченца.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени. Во калапчињата ставете по едно парче компир. Одозгора истурете од сосот и нарендајте кашаквал.
Повторете ја постапката се додека има место. Одозгора повторно наросете кашкавал и малку течност.
Калапчињата ставете ги во тавче за печење. Покријте ги со фолија и печете ги околу 45 минути. Потоа допечете ги без фолија уште неколку минути додека не порумени горниот дел.
