За сезона пролет / лето 2015 јасно беше дека овие се водечки трендови меѓу чантите. Како што се доближуваме до есена, на сите ни е јасно дека трендовите се уште не се кристализирани, бидејќи, од една страна се инсистира на традиционалните, едноставни модели карактеристични за студените денови, кои беа претставени од страна на Викторија Бекам, Живанши, Селин и Клои, додека на другата страна не очекуваат многу уникатни и необични модели, предводени од Олимпија Ле-Тан, Шанел, Луј Витон во Париз, а, исто така и веселите модели на Гучи.
Затоа ние направивме листа од нашите омилени, без оглед на трендовите и стиловите и избравме 20 модели, кои ќе бидат во продажба од август, а ние сигурно би сакале да ги имаме на располагање.
Кога станува збор за боја, таму нема правила. Прада и Кристофер Кејн инсистираат на розова, Паул Кадаметори на сина, а кафени нијанси и ретро стил се омилени на империјата Барбери, Клое, Живанши и многу други.
Не ни преостанува ништо друго освен да се восхитуваме на овие модели и направиме многу комбинации со кои би носеле некои од нив.