Мода

Моден хит ова лето: Неодоливи миди здолништа

Миди здолништата отсекогаш биле синоним за романтика, но ова лето се огромен хит! Значи, заборавете на макси и мини, одберете просечната должина, бидејќи тоа ќе изгледа многу шик!

Не грижете се, овој модел не е само за високи и слаби дами со долги нозе. Тоа го потврдува стајлингот на некои познати, како што се Мира Дума, Викторија Бекам, Сара Џесика Паркер и сестрите Олсен.

Најважно од се е да се следат неколку модни правила. Должината на овие здолништа треба да ја комбинирате и со парче облека кое е тесно. Тесна кошула или блуза, краток топ, тесно боди или кратка прилагодена јакна се совршен избор.

Доколку го носите здолништето со лесна, широка, свилена или пак тексас кошула, добро би било да ја ставите внатре , а на тоа да додадете голем каиш и да го стегнете за дополнителен ефект.

Со висок струк од овој тип на здолништа се препорачуваат и беж нијансите кои визуелно ги издолжуваат нозете. Високите и витки дами можат да ги носат во комбинација со патики и балетанки.

Write A Comment