Од малата трпезарија, до удобниот тросед за мирен сон, секој метро простор е правилно и соодвето употребено. Токму затоа просторот изгледа многу поголем отколку што навистина е.
Станот е со големина од 47 метри квадратни а дизајнерите во него создале совршено пријатен простор за сите активности на еден млад човек.
Дневната соба и кујната се во еден простор кој е поврзан со сончевата трпезарија. Преполн со различни бои, одлично ја разбиваат монотонијата на просторот.