Здраво тело

Моќен пијалок против акни

Овој сок е богат со калиум, фосфор и хлор, па со сите овие состојки благотворно ќе делува врз кожата со акни, а истовремено ќе помогне во побрзо закрепнување на непријатните лузни кои тие ги остават.

За 200 мл сок ќе ви биде потребно:

100 г компир

100 ротквица

100 г морков

100 г краставица

ПОДГОТОВКА:

Направете сок од сите состојки, па изматете го во блендер со две коцки мраз. Сервирајте во висока чаша и украсете со парчиња ротквица.

Нутритивна вредност: 155 калории

56 мг витамин Ц

1 242 мг калиум

920 мг хлор

Забелешка: Ротквиците се идеален зеленчук за детоксикација и превенција од вирусни инфекции. Компирот е одличен за правење сокови бидејќи обилува со бројни хранливи состојки.

Write A Comment