← НАЗАД НА БОЗА

Моменти кога не смеете да доите

Моменти кога не смеете да доите
508 Читања

Многу мајки имаат млеко и можат да ги дојат бебињата, но од некоја причина не сакаат. Од друга страна, постојат жени кои силно сакаат да дојат, но не им се препорачува. Еве за кои проблеми станува збор, и како да се ослободите од нив.

Преполни дојки

Преполнатите дојки не е исто што и нивна напнатост. Дојката може да биде тешка, топла и полна, но тоа е сосема нормална појава. Сепак, кога производството на млеко е големо, а потрошувачката мала, доаѓа до преполнетост на дојката и затнување на млечните канали.

Симптоми: Тврди, рамни или вовлечени брадавици, дојките се зголемени, а кожата затегната и сјајна. Ареола е жешка и чувствителна, а бебето не може да ја фати брадавицата.
Решение: Двете дојки треба често и целосно да се испразнат, а меѓу две доења на нив треба да се ставаат ладни облоги. Потребно е, пред доењето, вишокот на млеко да се измолзи и дојките ќе омекнат. Бебето треба да се постави во правилна положба на дојката и проверете дали правилно голта. По завршувањето на доењето, повторно ставете ладни облоги.

Болни (испукани) брадавици

Во првите денови после породуваето се јавува блага болка во брадавиците. Сепак, ако дојде до нивно оштетување, па тие стануваат болни или испукани, тоа е сигурен знак дека нешто не е во ред.

Симптоми: Брадавицата е болна на допир, а во потешки случаи се јавува и крвавење.

Решение: Пред доење треба да се ставаат топли облоги и секакодоењето почнува од дојката која помалку боли и која помалку е потечена. Треба да се води сметка рамномерно да се измолзува млекото од двете дојки. Доколку оштетеното место многу боли и крвари, таа дојка треба неколку денови да се поштеди од доење. За тоа време, редовно измолзувајте го млекото во чаша па со со лажичка давајте на бебето.

Маститис

Маститис е запаление на млечните жлезди која се манифестира со локални и општи симптоми.

Симптоми: Црвена и болна дојка, зголемена телесна температура, изнемоштеност, главоболка и забрзан пулс. Ако забележите некои од овие знаци, најважно е да не прекинувате со доењето.

Решение: Мајката треба да се одмара и по потреба да пие антибиотици или аналгетици. Доколку после 24 часа состојбата не се подобри треба да се побара лекарска помош. 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk