ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 кг. модар патлиџан,
* 600 гр. домати,
* 250 г. моцарела,
* 1 лажица путер,
* 3 јајца
* 4 лажици павлака за готвење,
* 2 лажици млеко,
* 1 до две парчиња магдонос,
* сол
* бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измијте го модриот патлиџан, излупете го и исечете на парчиња, па почекајте да пушти вода. Потоа измијте го доматот исто така излупете го и исечете на парчиња.
Намачкајте огноотпорен сад со путер, па редете ги најизменично модниот патлиџан, доматот и моцарелата. Секој ред посебно зачинете го со сол и бибер. Изматете ги јајцата со млеко и павлаката за готвење, зачинете по вкус и додадете го магдоносот. Мусаката испечете ја во рерна 40 – 50 минути, на 200 степени.
