Motherhood

На која страна треба да бидете свртени додека спиете?

Мислите дека нема разлика на која страна ќе ја завртите главата додека спиете? Според правилата на Фенг Шуи има!

Според ова учење, положбата на телото за време на спиењето има многу поголемо влијание врз здравјето и врз психичката состојба на човекот отколку што си мислиме. Важно е креветот да не се наоѓа на пресекот на струењето на воздухот. Доколку е возможно, спалната соба не треба да има неправилен облик.

Доколку често се вртите сред ноќ и сонот ви е испрекинат, можно е да не ви одговара положбата на телото со оглед на Земјините полови, а секоја од четирите положби има свои предности и недостатоци, а истите се одредуваат според тоа во која насока ви е свртена главата – дали кон север, југ, исток или запад.

Фенг Шуи учењето го поврдуваат и бројни модерни студии според кои половите на Земјата и нивната магнетна сила може да поттикнат подобро општо здравје, но доколку не се совпаѓаат со положбата на телото, истите можат да предизвикаат главоболки, но и да бидат причина за хронични здравствени состојби.

Главата насочена кон север

Оваа положба е идеална за луѓе кои патат од несоница, а особено за оние повозрасните. Иако ја зголемува смиреноста, духовноста и го намалува нивото на крвен притисок, лошите страни кои ги носи оваа позиција се недостаток на креативна енергија и елан.

Главата насочена кон исток

Оваа положба се смета за идеална за деца и помладите луѓе. Поттикнува порано будење, поголема енергија, раст и развој. За луѓе постари од 50 години, оваа положба би можела да биде премногу интензивна. Со оглед на тоа што го поттикнува растот и активноста, не е добра за хиперкативни луѓе.

Главата насочена кон југ

Оваа позиција се поврзува со поголема енергија, бурно сонување, силно либидо и расправии. Иако поттикнува страст во животот, не е добро на овој начин да спиете подолго време. Може да резултира со раздразливост и несоница, а во неа може да се јават и драматични сништа.

Главата насочена кон запад

Според Фенг Шуи, оваа позиција се поврзува со чувство на задоволство, пријатност и хедонизам. Иако создава позитивно зрачење, може да поттикне и чувство на недостаток на енергија и мрзеливост. Заради тоа, не им се препорачува на луѓето насочени кон градење на кариера или постигнување на деловен успех.

Напиши коментар