Мојата кујна

Наан – индиски леб

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 25о гр брашно

* 120 мл млеко

* 15 гр путер

* 2 лажички шеќер

* 1 лажичка прашок за пециво

* 1/2 лажичка сол

* 1 до 2 лажички коријандер

* бело лукче

* малку зејтин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Во сад ставете го брашното, солта, прашокот за пециво, шеќерот и исечканото бело лукче.

2.Во друга чинија измешајте го млекото и зејтинот. Течноста потоа етапно додавајте ја во брашното со нежно мешање.

3.Месете 5 до 8 минути. Додадете малку брашно ,ако тестото стане премногу лепливо.

4.Добро измесенете го тесто, ставете го во намастен сад. Покријте го со крпа и оставете го 10 до 15 минути.

5.Тестото разделете го во 4 до пет делови.

6.Со рака растегнете го да биде со дебелина од еден од два сантиметри. Посипете го со коријандер и притиснете го.

7.Печете во грил тава, од двете страни не повеќе од 3 минути, додека не добие фина боја и малку не набабри.

Традиционален индиски наан 8.Кога е готово, премачкајте го со путер.

Write A Comment