Дестинации

Најбезбеден и најсигурен град во светот е Токио!

Јапонскиот главен град Токио е најсигурниот град во светот, покажа индексот на мерење на сигурноста на “The Economist Intelligence Unit”.

На листата меѓу останатите се и Сингапур, Осака, Торонто, Лондон, Цирих, Сиднеј… а рангирањето е направено на основа на неколку фактори.

Се мери квалитетот на сигурноста на интернет, стапката на кражби на идентитет и други фактори како Дигитална сигурност.

Здравствена сигурност, подразбира очекувано траење на животот на граѓаните, како и бројот на болнички кревети во однос на популацијата.

Инфраструктура – се оценува квалитетот на патиштата и бројот на луѓе кои умираат како последица на некои природни катастрофи.

Tokyo4

Лична сигурност – оваа категорија подразбира традиционални мерки на сигурност, како што се криминалот, степенот на полициска подготвеност и бројот на особено насилните криминални дела.

Па така, Токио на основа на овие критериуми е прогласен за најсигурниот град во светот, но тоа не значи дека е најдобар во секој од набројаните сегменти.

Сингапур кој е втор на листата, е најдобар кога станува збор за личната сигурност, а Њујорк и Лос Анџелес водат во сегментот на дигитална сигурност.

Tokyo1

Цирих е ненадминлив за здравствена сигурност и инфраструктура, а Торонто е најдобар град кога зборуваме за сигурноста, работното опкружување, демократијата, трошоците за живот…

Ова е ранг листата на 10-те најсигурни градови во светот:
1. Токио
2. Сингапур
3. Осака
4. Стокхолм
5. Амстердам
6. Сиднеј
7. Цирих
8. Торонто
9. Мелбурн
10. Њујорк

Tokyo2

 

 

Write A Comment