Мојата кујна

Најбрзата торта на светот

Ако немате време, а ви се јаде нешто навистина слатко пробајте го ова…

Потребни состојки:

– 600 гр плазма

– 4 кисели павлаки

– 100 гр шеќер во прав

– ½ кг ситно сецкано овошје (праска, кајсија, банана)

– 200 гр шлаг

Подготовка:

Павлаката измешајте ја со шеќерот и ситно исецканото овошје. Наредете еден ред плазма и посипете ја со млеко, доволно колку да ја впие плазмата. Потоа ставете од филот. Повторете ја постапката додека имате од состојките. На крајот премачкајте ја тортата со шлаг. По желба може да ја посолите со рендано бело чоколадо.

Write A Comment