Дестинации

Најдепресивни краеви во светот!

Научниците од австралискиот универзитет „Квинсленд“ истражувале во кои кораеви од светот луѓето највеќе патат од депресија. Во обзир се земени распространетоста, траењето и кај кого се јавува депресијата и дошле до податоци дека најзагрозени се луѓето од блискиот Исток и северна Африка, и дека депресијата е водечка причина за инвалидитет.

Дијагноза за клиничка депресија има повеќе од 4 посто од светската популација.

Во државите каде свеста е развиена за оваа појава и каде што луѓето имаат полесен пристап до болниците во кои се лечи депресија, постојат податоци дека има висока стапка на депресија, за разлика од средините каде ова ментално здравје се смета за табу тема и каде баш поради тоа стапката на депресија е ниска.

Најниска стапка на депресија е забележана во Источна Азија, Австралија, Нов Зеланд, југоисточна Азија, додека на Блискиот исток, северна Африка, источна Европа и Карибите, повеќе од 5 % од луѓето патат од депресија.

А, ако се зборува за конкретни држави, научниците дошле до сознанија дека ова ментално пореметување е застапено највеќе во Авганистан, а најмалку во Јапонија?

Write A Comment