Bridal

Најдобрите бои за венчавка според Фенг Шуи

Една од првите одлуки кои невестата ги носи за време на планирање на свадбата е изборот на бои. Така, цвеќињата, украсите, свадбените покани и другите предмети потребни за церемонијата треба да бидат во иста боја. Древната традиција Фенг Шуи често се применува за време на свадбите. Фенг Шуи боите имаат за цел да создадат хармноја на денот на венчавката. Така, одредени бои одговараат подобро една со друга од осатанатите бои.

Јин и Јанг

Традицијата на Фенг Шуи е во создавање на хармонија со комбинирање на јин и јанг. Боите во Фенг Шуи се спаруваат така што јанг бојата се спарува со јин верзијата на таа боја. На пример, црвената одговара добро со својата јин верзија – розова. Останатите јанг и јин верзии вклучуваат темно сина и светло сина, темно зелена и светло зелена, и виолетова и бојата на лаванда.

Црно и бело

Традиционалната венчавка во црно-бела боја има посебно значење за Фенг Шуи. Белата е јанг (машко), а црната е јин (женско). Тоа е крајната комбинација на бои, која создава машко-женска хармонија.Тоа е причината поради која, доколку невестата носи бела венчаница, нејзината енергија се совпаѓа со машката боја, а младоженецот во црно е во согласност со женската боја.

Божиќни бои

Црвената и зелената боја се обично поврзани со Божиќ. Ако свадбата е околу Божиќ, можете да ги искористите предностите на овие бои. Во Фенг Шуи се верува дека комбинацијата на црвената и зелената боја им носат среќа и успах на младоженците.

Металик боите

Фенг Шуи традицијата смета дека комбинирањето на металик боите создава среќа и хармонија со креативноста и децата. Металик боите се бела, сребрена, сина и златна. Исто така можете да ја комбинирате белата со жолта, што значи небо и земја. Со комбинирање на златната или белата со виолетовата создавате големо богатство на енергија.

Лош избор на бои

Постојат неколку комбинации на бои за кои се смета дека носат несреќа на денот на венчавката. Не треба да ја комбинирате црвената со сина, црната со металик боите (бела, сребрена, сива и златна). Комбинацијата на жолта со зелена или сина, исто така не се препорачува.

Write A Comment