Дестинации

Најдобрите хотели во Франција (ВИДЕО)

Најдобриот хотел во Франција, според оценката на оние кои учествувале во анкетата на сајтот TripAdvisor е “Cour du Corbeau” во Стразбур.

Хотелот има четири ѕвезди, сместен е во реновираното здание од 16 век во центарот на Стразбур е прогласен за најдобар хотел за 2013 година во Франција, според оцената на корисниците на веб-сајтот посветен на патувања – TripAdvisor.

Сајтот кој се потпира на мислењето на интернет корисниците во утврдувањето на годишните класификации, ги стави на врвот на листата „Бристол“ во Париз и „Шенодијер“ во департманот Долна Рајна, пренесуваат француските медиуми.

Сајтот TripAdvisor има повеќе од 60 милиони уникатни посетители месечно и собира повеќе од 75 милиони мислења на патници.

Напиши коментар