Дестинации

Најдолгиот и највисокиот стаклен мост во светот ќе биде во Кина

Во јули годинава Кина ќе добие уште една туристичка атракција. Станува збор за стаклен мост во Националниот парк Жангџаџи, прв ваков вид на мост во светот.

Ќе биде изграден над кањонот Жангџаџи и ќе биде најдолгиот и највисокиот стаклен мост во светот, долг 304 метри, 6 метри широк и 300 метри над земјата.

Стаклената структура е дизајнирана од израелскиот архитект Хаим Дотан, а многумина се надеваат дека проектот ќе стане вистинско модерно чудо, со оглед на тоа што станува збор за уникатна архитектура која ги тестира границите на човековата креативност.

Мостот ќе може да издржи 800 луѓе истовремено, а исто така ќе служи за одржување на модни ревии, банџи скокање и слични активности.

Напиши коментар