ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1/4 шолја брашно (шолја од 2дл.)
* 1/4 шолја кафеав шеќер (шолја од 2дл.)
* 2 лажици какао во прав (горко)
* 1 прстофат сол
* 2 лажици масло
* 2 лажици млеко, кафе или вода
* 2 лажици сецкано темно чоколадо, лешници или бадеми
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад промешајте ги сите состојки (брашното, шеќерот, какаото, солта) за да ги разбиете сите грутки. Во друг сад помешајте ги млекото и маслото, па додајте ги во сувите состојки, додека непрестано мешате. Кога ќе се згусне, во кремастата смеса додајте ја чоколадата или јаткастото овоше, сето тоа добро измешајте го и прелејте го во садови за печење или шолји за кафе. Ставете ги во микробранова и печете ги на најсилна температура 60 секунди.
