Art & Crafts

Најлесни начини за отстранување на флеките

Флеките се вистински кошмар за домаќинките. Не се сите флеки исти, ниту пак се тргаат исто. Погледнете како се тргаат едни од најчестите флеки.

Квалитетниот детергент и новата машина за перење алишта не се доволни за да ги тргнат поголемиот број на флеки на облеката.

Пред да започнеме!!!

СОВЕТ КОЈ МОРА ДА ГО ЗАПАМЕТИТЕ

Флеките никогаш не се перат со врела вода и штом еднаш флеката се испегла таа никогаш нема да се извади, затоа никогаш не ги пеглајте исфлеканите парчиња облека.

Најважно правило за тргање на флеките е веднаш да пробате да ја симнете флеката бидејќи тогаш шансите за лесно отстранување се најголеми. Доколку не сте дома флеката веднаш натопете ја со вода за да не се исуши. Доколку после перењето на облеката флеката се уште е присутна тогаш немојте да дозволите истата облека да се исуши, бидејќи на тој начин флеката ќе остане засекогаш, а Вашето омилено парче облека ќе можете да го носите само по дома.

Сладолед и други млечни производи

Свежите флеки треба да се потопат во ладна вода пред перењето. Доколку флеката се исуши тогаш нејзиното вадење ќе биде многу потешко. За најдобар ефект потопете ја нафлеканата облака неколку саати во ладна вода со малку прашок за перење. Потоа исперете ја во машина за перење на стандардна температура за таа ткаенина.

Овошје и овошни сокови

Овој вид на флеки веднаш исперете ги во машина за перење на најаката температура која може да ја издржи ткаенината. Никако не помислувајте флеките од овошје да ги перете со сапун, бидејќи флеката нема да исчезне само ќе стане поотпорна на тргање. Се што треба да направите е да ја потопите исфлеканата облека во топла вода и прашок за перење 30 минути и флеката ќе биде отстранета.

Трева

Веднаш штом забележите дека сте се исфлекале од трева облеката потопете ја во ладна вода во која ќе ставите малку прашок за перење и оставете ја облеката најмалку 30 минути ( или неколку саати ако флеката е стара).

Никако не користете топла вода за да ја отстраните флеката од трева, бидејќи таа ќе остане со сигурност подолго време на Вашата облека.

Кал

Оставете ја калта да се исуши, потоа со четка отстранете го горниот слој. Потопете ја облеката во топла вода во која ќе додадете детергент за садови и лажичка оцет. Оставете да отстои 15 минути и исперете со вода.

Доколку имате стара тврдокорна дамка од земја, натопете сунѓер за садови со малку алкохол истрајте ја флеката и исперете ја со вода. Ефектот е 100 процентен.

Кечап

Потопете ја исфлеканата облеката во ладна вода и додадете малку детергент за садови и една лажичка алкохолен оцет. Исперете. Доколку флеката е се уште присутна нанесете средство за отстранување на флеки.

Ако се работи за стара флека од кечап оставете ја облеката во топла вода во која ќе ставите прашок за перење алишта и оставете ја преку ноќта.

Напиши коментар