Убавина

Најлесниот трик за слабеење!

уѓeто рекле дека големите идеи се всушност наједноставни! Па, наидовме на една токму таква. Имено да се слабее ако едноставно се јаде од помали чинии.

Сигурно ви се случило да се чувствувате доволно сити, кога ви се сервираат помали количества храна од она на што сте навикнати,но пак вие јадете бавно и спокојно. Па, оваа идеја се базира на истата логика – помалите чинии собираат помали количини и не стимулираат да уживаме повеќе во храната.

Според истражувањата пак, овој метод е страшно ефикасен! Некои научници тврдат дека тоа е најдобар начин да се борите против дебелината. Тие открија една интерсесна закономерност кај децата со прекумерна тежина. Јадат од поголеми чинии!

Специјалистите направиле и истражување по ова прашање. Во него 42 деца од прво одделение сами ставале храна во чинијата по сопствен избор во текот на 8 дена. Потоа тие требало да ја сервираат храната во мали чинии. Се покажало дека резултатот е импресивен!

Децата изеле барем 90 калории помалку.

Кај децата е многу полесно да се воспостави оваа промена во навиката за јадење, но експертите се убедени дека тоа е сосема можно и кај возрасните. Па, пријатели, искористете ја оваа супер пријатна диета.

Напиши коментар