Дестинации

Најнепријателските градови во светот

Туристичкото списание Travel + Leisure објави листа на најнепријателски градови во светот, врз база на искуството на читателите кои ги посетиле овие 266 градови. За листата беа земени во предвид повеќе фактори, како топлината и културата на луѓето и нивото на добредојденост што го чувствувале кога го посетиле градов во прашање.

На врвот на листата се најде рускиот главен град, Москва, кој беше изгласан како најнепријателски. На остатокот од листата доминираат американски градови. Топ 15 листата на градови што се најнепријтелски за туристите, прочитајте ја долу:

1) Москва, Русија

2) Атлантик Сити, Њу Џерси (САД)

3) Санкт Петерсбург, Русија

4) Марсеј, Франција

5) Лос Анџелес, Калифорнија (САД)

6) Њујорк, Њујорк (САД)

7) Филаделфија, Пенсилванија (САД)

8) Балтимор, Мериленд (САД)

9) Лас Вегас, Невада, (САД)

10) Кан, Франција

11) Пекинг, Кина

12) Мајами, Флорида (САД)

13) Вашингтон, (САД)

14) Франкфурт, Германија

15) Бостон, Масачусетс (САД)

Напиши коментар