Се топи во вашата уста како и сите печени компири, но крцкав е како помфрит. Овој рецепт, велат, потекнува од шведскиот град Хаселбак, но ние многу брзо ќе си го присвоиме!
Состојки:
6 компири од средна големина
3 лажици стопен путер
Сол, бибер и малку рендана кора од лимон, по желба
Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги така што долниот дел ќе остане недопрен, на што потенки парчиња – погледнете го видеото подолу за начинот на сечење на компирите. Токму во сечењето е и тајната за на овој компир. На даска ставете го компирот а од едната и другата страна поставете некој потенок, правоаголен предмет – на пример, кинески стапчиња со правоаголен долен дел. Тие претставуваат поддршка и граница до која треба да оди острицата од ножот. Ако компирите се поголеми, идеално е да ги пресечете на пола, па потоа рамната страна која ќе ја добиете, ставете ја на даската за сечење.
Ставете ги компирите во подмачкана тава, прелијте со стопениот путер, ставете сол, бибер и посипете со рендана кора од лимон.
Печете помеѓу 40 и 50 минути, на температура од околу 200 степени.
