ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 3 лажици брашно
* 3 лажици путер
* 600 мл млеко
* малку сол, црн пипер, оригани
* 600-700 г компир
* 150 г сланина (сечкана)
* 1 кромид (рендан)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Подготовка на бешамел сосот: Во тава за готвење, на тивок оган растопете го путерот па додајте го брашното. Потоа постепено додавајте млекото се додека бешамел сосот не се згусне. Зачинете со сол, црн пипер и оригано. Доколку ви се чини дека сосот е густ, слободно додадете уште малку млеко.
Во сад измешајте го претходно исечканиот кромид со исечканата сланина и додадете го изренданиот кромид.
Во тава за печење истурете пола од смесата со компир, истурете пола од бешамелот, па повторно истурете од смесата со компир и бешамел сос.
Печете во добро загреана рерна, на 220 степени околу 25 минути се додека компирот убаво не се испече.
