ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 лажици мелен црвен пипер
1 главица кромид
Бибер по вкус
50мл масло
Сол по вкус
0.5кг компир
20гр путер
Излупете го компирот и исечете го на кришки.
![]()
![]()
Кромидот исечете го на кругчиња со ширина до 5мм.
![]()
Компирите варете ги околу 10 минути, па оставете ги да се оладат
![]()
Кога компирите ќе бидат доволно ладни, обилно полиете ги со масло.
![]()
Додадете го црвениот пипер за да добиете убава боја и чили ( по желба, доколку скате пикантни јадења)
![]()
![]()
Ставете сол и бибер по вкус.
![]()
![]()
Се добро измешајте со раце.
![]()
Распоредете ги компирите во сад за печење, па додадете го кромидот и путерот.
![]()
![]()
Компирите печете ги во претходно загреана рерна на 220 степени околу 20 минути, а потоа зголемете ја температурата на 250 степени и печете уште 10 минути.
