Здраво тело

Намирници кои ја намалуваат болката

Понекогаш е подобро да го побарате спасот во природата, кога станува збор за здравствените проблеми. Ова се неколку намирници кои успешно ја намалуваат болката:

Ѓумбир

Овој зачин користете го како додаток во исхраната, на тој начин ќе ја забрзате циркулацијата, ќе ја подобрите работата на крвните садови, а и болката ќе се намали.

Ореви

Постојат многу здравствени тајни сокриени во една мала јатка орев. Оревите се исклучително богати со омега 3 масни киселини и алфа линоленска киселина. По 2-3 ореви, со редовно консумирање може значително да ги намалите воспалените елементи на телото.

Куркума

Тоа е стар индиски зачин, кој уште пред илјадници години се користел за намалување на болките. Овој народен лек го има во речиси секоја храна која индијците ја подготвуваат.

Маслиново масло

Ако патите од артритис, тогаш треба да почнете маслиновото масло да го користите во исхраната. Тоа содржи состојки кои значително ја намалуваат болката во зглобовите, и останатите видови на болка.

Напиши коментар