На вашето тело му е потребна здрава храна и редовни активности, како физички, така и ментални, за да го остварите целосно вашиот потенцијал. Ништо не е толку важно како здравата исхрана.
Всушност, правилната исхрана придонесува за поквалитетен и долготраен живот.
Подолу ви покажуваме листа на намирници што ќе ви го подобрат здравјето и ќе го продолжат вашиот живот.
Авокадо
Авокадото е мошне хранливо и ќе ви помогне да се чувствувате сити, бидејќи содржи висока концентрација на масти и влакна.
Ореви
Голем број истражувања покажале дека една порција на орашести плодови (а особено ореви) на ден, игра важна улога во спречувањето на Алцхајмерова болест, ја подобрува меморијата и ја намалува депресијата.
Грав
Не содржи маснотии или холестерол, а е богат со растителни влакна, протеини, железо, магнезиум и калиум.
Чај
Особено се здрави оние со зелена боја. Тие се извор на полифеноли – антиоксиданси кои може да ве заштитат од неколку видови на рак, и придонесуваат до намалување на ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
Кикирики
Тие се богат извор на протеини, како и незаситени масти.
Овесни снегулки
Содржат растворливи влакна и се добар извор на железо и витамин Б1.
Бадеми
Одличен извор на растителни влакна. Воедно тие содржат калциум и цинк кои ги зацврстуваат коските и го подобруваат имунолошкиот систем.
