Убавина

Намирници за помлада и поздрава кожа

Кремите кои ги користиме за нега на лицето се од големо значење, но речиси исто толку важно за здравјето на кожата е храната што секојдневно ја внесувате во вашето тело.Многу намирници придонесуваат кожата да биде поздрава, а некои од нив се покорисни кога се јадат сирови.

  1. Кељ и спанаќ

Тие содржат растителни хранливи материи кои обезбедуваат дополнителна заштита на кожата од штетните сончеви зраци. Спанаќот е особено значаен бидејќи е полн со хранливи состојки како бета-каротен и лутеин, кои докажано влијаат позитивно врз еластичноста на кожата. Јадете околу 3 чинии од овие намирницо неделно – може да направите салата, или да ги подготвите со млеко или некој друг додаток.

  1. Ореви и ф`стаци

Тие се богати со витамини Б и Е кои ја штитат кожата од оштетувања. Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој е ефикасен во борбата против слободните радикали, додека витаминот Б1 ја подобрува циркулацијата и на кожата ѝ дава здрав и младешки сјај. Но, не претерувајте со овие вкусни заксуни, бидејќи се високо калорични.

  1. Бобинки и лимон

Бобинките содржат антиоксиданси кои ја подмладуваат кожата, но и влакната и хранливите материи кои ќе ви помогнат да ги отстраните токсините од вашето тело. Лимонот е богат извор на витамин Ц, кој е моќен антиоксиданс и кој, исто така, го зајакнува производството на колаген за да се задржи кожата мека и еластична.

  1. Јаболка

И јаболката се исто така богати со витамин Ц. Бакарот кој се содржи во јаболката помага во производството на меланин – пигмент кој ја штити кожата од штетните сончеви зраци. Додадете сецкано јаболко во било која салата или јогурт.

  1. Бадемово млеко

Ова млеко е одлично за вашаа кожа, бидејќи содржи минерал манган, кој помага во заштита на кожата од УВ зрачење. Користете бадемово млеко како напиток, или како додаток со житарици.

Write A Comment