Здраво тело

Направете домашен сируп против болки во грлото

Грипот и настинките се сè уште насекаде присутни околу нас, така што отежнатото голтање и болното грло може да се појават во секој момент.

Доколку сакате да си помогнете најбрзо што можете, без размислување ви го препорачуваме овој рецепт за домашен спас против болките во грлото.

Без оглед  дали причината е бактерија или пак само надразнето грло, овој сируп помага во секоја ситуација.

Состојки:

  • 4 лажички мед
  • 1 лажичка кари во прав
  • 1 лажичка рендан ѓумбир
  • ½ лажичка цимет во прав
  • ½ лажичка чили во прав
  • ½ лажичка мелен лук
  • 4 капки есенцијално масло од оригано
  • 2 лажици сок од лимон

Подготовка:

Медот загревајте го додека не се разреди, па во него додадете ги сите останати состојки. Добро измешајте и оставете малку да постои. Пијте по една лажичка од овој сируп 2 до 3 пати во текот на денот. Сирупот задолжително чувајте го во стаклен сад или шишенце.

Напиши коментар