Art & Crafts

Направете креативни коцки лед

Да се направат коцки лед, е една од најлесните работи на светот, а и сите ги сакаат во својот пијалак. Но, што ако можете да додадете нешто во водата која ќе ја замрзнете? Погледнете колку креативни коцки лед можете да добиете, само ставајќи нешто во нив.

Коцки лед со овошје

Можете да ставите какво било овошје по ваша желба за да ги направите вашите овошни ледени коцки. Изледаат убаво кога ќе ги ставите во чаша, плус го добивате и вашето омилено овошје во чашата.

коцки лед со овошје

Коцки лед за здравје и убавина

Сте знаеле ли дека коцките лед можат да ѝ помогнат на вашата кожа во борбата против брчките? Е, па сега знаете. 🙂 А доколку додадете и некои други состојки, можете вашата кожа да ја направите освршено мазна.

DIY-Ice-Trays-4

DIY-Ice-Trays-5

Коцки лед со вкус

Можете да го добиете вашиот омилен вкус во секој момент, ако го додадете во коцките лед. Можете да замрзнете сок од лимон, портокал, јагода итн.

DIY-Ice-Trays

Можете исто така да ставите листови нане или босилек во коцките лед.

DIY-Ice-Trays-3

Kреативни облици

Бидете креативни и забавувајте се со креативните облици на коцки. Можете да најдете послужавници за коцки во секој голем маркет, а вашите деца ќе ги обожуваат.

DIY-Ice-Trays-7

DIY-Ice-Trays-2

 

Напиши коментар