Можеби сакате да подарите нешто оригинално или пак сакате да ја освежите содржината на вашата кујна…
Наша топла препорака е да направите оригинален послужавник инспириран од лубеница, кој е идеален за во лето!
Потребен материјал:
- дрвена даска (идеална би била кружна)
- боја за дрво
- бормашина
- лак за дрво
- две рачки
- четки
Упатство за изработка:
Обоете ја целата даска со пинк боја и оставете да се исуши.

Потоа со зелена боја обоете го работ со ширина околу 3см.

На ред е цртање на семки. Со црна боја нацртајте ситни семки околу центарот на даската.

Сега е време да ја премачкате со проѕирен лак за дрво.

Кога лакот добро ќе се исуши, време е да направите дупки со бормашина, за потоа да ги додадете рачките кои сте ги одбрале.

И тоа е тоа! Видовте колку лесно се изработува!

Оваа идеја може да послужи идеално и како подарок за некоја драга личност, на која сакате да и подарите нешто уникатно и нешто што може долго да трае.

