Art & Crafts

Направете миризлива сол и опуштете се…

Ова е еден рецепт од баба:) Стар начин на приготвување на средство за опуштање. Ова е толку добро што мора да го пробате уште денес. Ќе бидете задоволни, а тоа ќе ве натера да го подготвите за луѓето кои ги сакате и да им подарите нешто навистина добро.

Потребни состојки:

–      3 шолји сода бикарбона

–      ¼ шолја сушена лаванда

–      3 лажици есенцијално масло од рози

–      3 лажици есенцијално масло од еукалиптус

–      ¼ шолја мосрка сол

Измешајте ги убаво сите состојки и ставете ги во стаклен сад или тегла.

Наполнете ја кадата со топла вода и ставете една рака од оваа миризлива сол. Ќе доживеете незаборавно искуство:)

Напиши коментар