Плетенките можете да ги направите на безброј начини и се секогаш во мода. Може да бидат едноставни, но и малку комплицирани за правење. Оваа верзија на модерна плетенка која ке ви ја покажеме е совршена за во пролет и лето. И што е најважно, многу е лесна за правење.

1. Поделете ја косата на три дела. Сите делови треба да бидат еднакви, но може и делот во средина да биде малку поголем од другите.
2. Сплетете го делот во средина и врзете го со ластиче.

3. Сега, направете плетенка од сите три дела, вклучувајќи го и делот кој претходно го сплетовте. Врзете го со ластиче.
4. Отстранете го ластичето од средишниот дел (чекор 2)

5. Повлечете ја малку плетенката за да има повеќе волумен.
