Освен различните врсти на маски,пилинзи, шампони и регенератори, можете сами да направите и балсам за усни. Со оглед на тоа дека домашните производи се благи, добри за нашата кожа, не содржат никакви хемиски супстанции, ова претставува одличен метод да осигурате одлична нега за вашите усни. Погледнете некои од рецептите.
Балсам за усни од јојоба
Земете 2 чајни лажички, пчелин восок и додадете 2 лажици масло од јојоба во помал сад. Растопете ги сите состојки заедно на тивок оган со постојано мешање. Тргнете ги од оганот и додадете неколку капки (6-7) етерично масло од грејпфрут. Додека е врело претурете ја мешавината во соодветен сад и оставете ја да се олади.
Балсам за усни од лимон
Земете една чајна лажичка пчелин восок и растопете го. Потоа додадете лажичка петролатум и 4 до 5 капки лимоново масло. Трнете од оганот и додека е врело, претурете ја мешавината во соодветен сад и оставете да се лади.
Балсам за усни од кокос
2 чајни лажици пчелин восок, додадете во нив масло од јојоба, и размешајте ги во мал сад. На тивок оган растопете ги и промешајте. Трегнете од оган и додадете (6-7)капки кокосово масло. Додека е врело претурете ја мешавината во соодветен сад и оставете ја да се излади.
Балсам за усни од мед
Земете лажичка вазелин, 1/3 лажици мед и растопете ги заедно. Измешајте ги добро состојките, додека е врело претурете ја мешавината во соодветен сад и оставете ја да се излади.
