Заборавете на енергетските пијалоци кои може да ги купите. Ви го нудиме рецептот за природен енергетски пијалок, кој воедно и ќе ги стопи маснотиите околу струкот.
Овој пијалок ќе го замени кафето, ќе ви даде голема количина на витамини и ќе ве освежи.
Потребно ви е:
– 6 кесички зелен чај
– 2,5 литри вода
– сок од 4 лимони
– свежи листови нане
– лед
Подготовка:
Кога водата ќе почне да врие тргнете ја од оган. Ставете ги кесичките зеле чај и оставете нека отстои 10 минути. Во меѓувреме исцедете ги лимоните. Додајте го сокот во изладениот чај. Додадете го ледот и листовите свежо нане. Пијте го овој чај во текот на целиот ден.
