Се приближува 14. февруари – денот кој го слави љубовта..и виното. Веруваме дека повеќето од вас, денот ќе го поминат во прегратките на саканата личност, со некоја романтична вечера, сензуална музика, вино..
Ако сакате да го изненадите вашиот партнер на оригинален начин, ви предлагаме сами да изработите љубовна честитка. За ова ќе ви биде потребно само малку креативност и пеперутки во стомакот.
